Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола е основано со одлука на Советот на Општина Битола на 17.10.2014 година.

Јавното претпријатие во вршењето на дејност од јавен интерес обезбедува единственост, ефикасност и максимален успех во процесот на работењето со цел за постигнување на развој и усогласеност со општиот интерес и заштита на добрата од општ интерес, преку квалитетно задоволување на потребите на корисниците на услуги.

Претпријатието во рамките на својот делокруг на работа  врши дејности од областа на урбанистичко планирање и проектирање.

  • Изработка на урбанистички планови
  • Изработка на урбанистичко-плански документации
  • Изработка на урбанистичко-проектни документации
  • Изработка на Основни проекти
  • Изработка на Сообраќајни проекти